Амфенол вработува – Раководител на производство – TEL-AD

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

ОГЛАС

Моментално имаме потреба од 1(едно) ново вработено лицe за работно место

 

Раководител на производство –  TEL-AD

Одговорности и задачи:

·         Организација и мониторинг на процесот на производство (high mix/low volume). Обезбедување на рентабилно производство

·         Осигурување дека производите се произведени на време и се со потребниот квалитет

·         Дневни/неделни/месечни извештаи за KPI  параметрите поврзани со производство (продуктивност,квалитет,шкарт,…)

·         Обезбедување и планирање на човечки и материјални ресурси за работа

·         Следење на производните процедури и упатства за работа, и обезбедување на контрола на квалитетот на производите.

·         Управување со залихи и трансфер на материјали

·         Работа со раководниот тим  за спроведување на политиките и целите на компанијата

·         Проценка и следење на трошоците

·         Надзор, мотивирање и евалуација на на вработените

·         HR – селекција и тренинг на нови вработени

·         Континуирано подобрување

Потребни квалификации:

Високo образование – Технички факултет (машинство, електротехника, индустриски инженеринг или сродни области).
Минимум 3 години искуство во раководење на производствени тимови, со акцент на индустријата за производство на кабли и кабинети или сродни индустрии (производство/автомобилска,…).
Напредно познавање на MS Office пакети (Word, Excel, PowerPoint).

Одлично познавање на англиски јазик (писмено и говорно) за комуникација со меѓународни партнери и снабдувачи.

Искуство во управување со производни процеси и примена на Lean методологии ќе се смета за предност.

Одлични комуникациски и лидерски способности, способност за стратегиско планирање и решавање на проблеми.
Способност за работа под притисок и управување со повеќе задачи истовремено. Високо ниво на флексибилност
Вештини за аналитичко размислување и донесување на одлуки врз основа на податоци.
Познавање на производствени софтвери и системи за управување (ERP, MES).

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 13.10.2025 година по електронски пат на следнава адреса: job@amphenol.mk или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Раководител на производство –  TEL-AD

Напомена:

Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЧЕСТНИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА 32 ГОДИШНИОТ МАРЈАН ЗАОВ

32-годишниот Mарјан Заов од Кочани успеа меѓу 50-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на кочанска река, по повод празникот Богојавление-Водици. Најсреќниот Заов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со пари за здравје и среќа. Тој пред присутните кај мостот во Паркот на Револуцијата  ја даде

Зрновци води по разводи, Чешиново-Облешево меѓу општините со најголем негативен прираст

Општина Зрновци се најде на самиот врв во државата по број на разводи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната статистика, дури 888 во оваа општина завршуваат со развод – највисок процент на распаднати брачни заедници во Република Македонија. Овој податок ја позиционира општината Зрновци како апсолутен негативен рекордер, далеку пред другите

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за