Учениците пеат” ООУ “Крсте Петков Мисирков” Оризари го одржа концертот во Домот на културата во Оризари “Учениците пеат” е насловот на концертот што по повод одбележување на Неделата на детето го организираше ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Оризари.
На концертот што се одржа во салата на Домот на културата во Оризари настапија учениците од одделенска и предметна настава.
На концертот младите талентирани учениците го покажаа својот музички дар, љубовта кон песната и уметноста.
Настанот се одржа во пријатна атмосфера, исполнета со детски гласови, енергија и искрени емоции.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.