Највозрасниот кандидат за советник има 97 години – познато од која политичка партија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола има 97 години, потврдија за МИА од Општинската изборна комисија во Битола.

Според јавно достапните податоци, највозрасна е Цветанка Велјанова која има 97 години и е кандидатка на политичката партија МААК.

Веднаш зад Велјанова според возраста е кандидатот Кирил Добрушевски со 81 година, исто така кандидат на МААК.

Во групата три највозрасни кандидати за членови на Советот на Општина Битола е и Трајан Котевски кој има 80 години и е на кандидатска листа поддржана од група избирачи.

На годинешните локални избори во Битола од ДИК потврдени се 16 кандидатски листи за членови на Советот на Општина Битола и од вкупно 496 евидентирани кандидати на рзлична возраст, само четири кандидати навршиле 18 години.

Во документацијата на ДИК и ОИК-Битола потврдени се кандидатурите на Александар Јовановски, кандидат на граѓанската иницијатива ГРИН, Енес Баталовски и Лејла Усеини кандидати на коалицијата ВЛЕН и Марко Адам Котевски од група избирачи.

Четворицата годинава како полнолетни за прв пат се кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

Извор: PRESS24

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и