ЦК „Бели мугри“ – Отворена ликовната изложба „Креации во ноќта“ на ликовни уметници од Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денска во ЦК „Бели мугри“ Кочани е отворена изложбата насловена „Креации во ноќта.- уметност инспирирана од соништата“ на Друштвото на ликовни уметници Прилеп.

Пред публиката е изложена поставка од десетина творби на уметници создадени во 2020 – та година и овој настан од ликовната уметност е претставен во јавноста за прв пат пред две години.

Создавајќи уметнички дела инспирирани од своите лични соништа, уметниците, членови на ДЛУ од Прилеп, се надоврзуваат на многувековната традиција присутна на светската и домашната ликовна уметност. По спроведеното тематско истражување секој уметник со автентичен ликовен јазик ја визуелизира и отелотворува својата визија, рече на отворањето на изложбата денеска во „Бели мугри“ во Кочани, Маја Ралева Миладиновски, куатор на „Креации во ноќта“

Проектот е дел од Годишната програма на НУЦК „Бели мугри“ Кочани, со финансиска подршка од Министерството за култура и туризам. Поставена е во фоајето на   приземјето на Националната установа од Кочани, каде ќе биде достапна за посетителите во наредните две недели.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на