Вечерва, беше промовирана програмата на кандидатката за градоначалник за Прилеп Петра Лукароска и советничката листа од СДСМ и Коалицијата. „Програмата за работа се состои од четири силни и јаки столбови“, посочи Лукароска, во кои што главно место има граѓанинот:
„Нашата визија е град чист, град кој што живее со силна инфраструктура, со силна економија, со култура и спорт кој што обединува, со училишта кои што ќе бидат современи и градинки полни со деца. За таа цел нашите 4 столба кои што ги ставивме во програмата се функционален и безбеден јавен простор во кој што обрнуваме внимание на хигиената на градот, на дивите депонии, на кучињата скитници, безбеден да ни биде градот.
Вториот столб ни е чиста и здрава животна средина со засадување на многу садници, средување на депониите што се во околината, хигиената исто така на градот треба да ни биде средена со одржување на екологијата, со фотоволтајци на објектите што се во сопственост на општината. Општина по мерка на граѓаните, во кој што столб, општината ќе функционира отворено и транспарентно, без барикади каде што граѓаните ќе можат да ги добиваат сите потребни информации; фондови како поддршка за млади, поддршка за земјоделки, поддршка за самохрани родители. Младите се во фокусот во овој четврт столб. Младите да имаат младински културен центар, да имаат функционален младински сојуз со буџет кој што ќе функционира за младите кој што до сега го немавме. Потоа, да има стартапи за претприемачи за едукација на млади, за да можиме младите да ги задржиме тука, рече Петра Лукароска, кандидатка за градоначалник на општина Прилеп.
Акцентот според Лукароска, во програмата е ставен на повеќе главни капитални проекти кои се однесуваат на подобрување на инфраструктурата, подобрување на квалитетот на животот на прилепчани, особено на младите кои ќе сакаат да останат тука, ќе сакаат да го градат својот дом.
„Паркинг простор над Градската река што ќе има капацитет од 100 возила. Вториот капитален проект ни е Топташ Скајлајт што ќе биде со површина од 1 милион метри квадратни каде што ќе има велосипедски, мотокрос патеки, простор каде што семејствата ќе можат да се рекреираат, да се забавуваат. Третиот ни е младински културен центар каде што младите ќе можат да ги остваруваат своите цели, каде што ќе можат да се дружат, каде што ќе има нивна преквалификација која е потребна и така натаму. Друг проект ни е обнова на планинарскиот дом Дервен каде што планинарите како во старите добри времења ќе можат да ги одржуваат планинарски тури каде што ќе има пешачење, каде што ќе има параглајдинг полетиште, уредување на градската река, на Дабничкиот канал, каде што да се поплочи речното корито, да имаме клупи, да имаме велосипедски патеки покрај кејот на Дабничка река. Да имаме три нови велосипедски патеки кои што ќе ги поврзат постоечките велосипедски патеки кои што се во центарот на градот. Потоа имаме проект за одржлива енергија на објектите кои што се во надлежност на општината, поставување на фотовалтајци, пристојни гробишта, затоа што таму немаме ние паркинг простор, немаме уредени патеки, патот околу гробиштата исто така е, макар да е среден,“ рече Лукароска додавајќи дека програмата е креирана по побарање на граѓаните со нивни предлози и идеи.
На презентацијата беше промовирана и советничката листа од СДСМ и Коалицијата, чиј што носител е Драгица Николоска.
„Во името на сите кандидати од советничката листа, можам одговорно да кажам дека нашата советничка листа е составена од чесни луѓе, луѓе кои што живеат и работат чесно, луѓе кои што сакаат посветено и одговорно да направат една општина која што ќе биде подобро место за живеење.
Нашиот глас ќе биде слушнат во советот, онолку силно колку што ќе успееме да ги доловиме проблемите на нашите граѓани. Еднаш за секогаш локалната власт да биде пријател на народот, а не да биде господар. Битието советник не е титула, туку да е во служба на народот.
Затоа сите заедно ќе се залагаме за одговорно, транспарентно и посветено работење. Се надевам дека ќе бидеме главни учесници во донесувањето на одлуки за квалитетен живот во Општина Прилеп. Граѓаните да имаат достоинствено место за живеење, младите да гледаат место каде што ги останат да ги градат своите иднини, а возрасните луѓе да живеат достоинствено и квалитетно.
Се надевам дека нема да изневериме вашата доверба, рече Николоска, носител на кандидатска листа за советници во Советот на Општина Прилеп од СДСМ и Коалицијата.









