Јавен повик до граѓаните за учество во креирање на Буџетот на Општина Кочани за 2026 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани го започнува процесот на креирање на Буџетот за 2026 година.

Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, односно да се имаат предвид потребите на граѓаните, Општина Кочани упатува јавен повик до институциите, здруженија на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности.

Предлозите може да бидат од сите сфери на надлежност на локалната самоуправа:

·         комунални дејности

·         урбанистичко планирање

·         заштита на животна средина

·         локален економски развој

·         образование

·         култура

·         социјална заштита

·         здравствена заштита

·         спорт и млади

·         еднакви можности на жените и мажите

·         поддршка на граѓанскиот сектор

·         меѓународна соработка и

·         други надлежности што се извршуваат согласно стандардите и постапките утврдени со закон.

Потребните податоци, предлог-проектите и активностите со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани: www info@kocani.gov.mk.

Поднесоците во електронска форма можат да се достават на е-адресата: info@kocani.gov.mk (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти  за развојни програми од делот на инфраструктурата, комунални работи, урбанистичко планирање и сл.), или преку Едношалтерската  канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 17 октомври 2025 година.

Предлозите од областа на спортот, културата, социјалната заштита и сл. можат да се достават најдоцна до 20 ноември 2025 година.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Паулина на својот универзитет во Англија собра 1000 фунти за болницата во Кочани

 Паулина Маказлиева успеа да ја оствари целта и да ги собере предвидените 1000 фунти за болницата во Кочани, со тоа што организираше и добротворен базар за продажба на македонски колачи на нејзиниот универзитет. Мисијата е исполнета. 1. Каде беше организиран настанот? -Настанот се одржа на Правниот универзитет во Вустер – каде што студирам. Беше поставен

Сомнежи за селективна инспекциска контрола во угостителски објекти во Кочани?

Информации што пристигнаа до редакцијата на Радио Кочани од наш сограѓанин укажуваат на наводна нелогичност при синоќешната мешана инспекциска контрола во дел од угостителските објекти во градот. Според сведочењето, инспекторите најпрво се упатиле кон локал каде што се одржувала забава на која, како што се тврди, присуствувале и малолетни лица. Меѓутоа, наместо да влезат и

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште