Настан од културата посветен на образованието, литературата и македонскиот јазикот се одржа синоќа во „Феникс“ центарот на Ротари клубот „Кочани – Виница“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Во Ротари „Феникс“ центарот на Ротари клубот „Кочани – Виница“ синоќа се одржа настан од културата посветен на образованието, литературата  и македонскиот јазикот.

Оваа активност се реализираше како резултат на заедничка соработка на Ротари клубот „Кочани- Виница“ и ЈОУ Библиотека „Искра“, која подолг период работи на афирмација и зачувуавње на македонскиот литературен јазик и негова промција помеѓу младата популација.

Според Влатко Тасев, претседател на „ротаријанците’“ од Кочани и Виница  Ротари „Феникс“ центарот работи според годишен план на активности, со кој се опфатени деца кои пројавиле интерес да ги посетуваат настаните.  Се повикуваат психолози, се прикажуваат филмови, гостуваат комичари, се организираат  музички настани, креативни работилници, предавање за здрава храна, обука за студенти и средношколци, јога и звучна медитација. Потоа, има разговори со инвеститори  и поддршка на родители, ликовни сесии, ден на спасителите, летни и зимки кампови.

– За таа цел ги покануваме сите млади што сакаат да  му се придружат на „Феникс“ центарот да ни се приклучат, со цел заедно да ги надмин сите препреки што ги имавме во претходниот период, порача Влатко Тасев, претседател на Ротари клуб „Кочани – Виница“.
Како дополнителна содржина во одбележувањето на месецот на образованието, литературата и јазикот најавена е театарска претстава, што библиотека „Искра“ веќе ја има подготвено, а премиерата е закажана на 3 октомври, Меѓународниот ден на детето, во ЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Објавата на ИРЛ го раздвижи обвинителството – проширена истрага за „Пулс“

Во тек е проширена истрага за случајот „Пулс“, во која, покрај првично обвинетите, се опфатени и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), но и лица од други институции. Државниот обвинител Љупчо Коцевски потврди дека се проверуваат повеќе инкриминирачки дејствија, без да открие детали, нагласувајќи дека обвинителството ќе ги испита сите сомнежи до крај. Со

ПО 6 МЕСЕЦИ БОРБА ЗА ЖИВОТ, МЕЛАНИ, ЕДНА ОД НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“, КОНЕЧНО Е ДОМА

Осумнаесетгодишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, по повеќе од 6 месеци болничко лекување, конечно се врати дома. Несреќата што се случи на 16 март остави длабоки последици врз младата девојка – животозагрозувачка состојба, бројни изгореници и интоксикација со гасови. Поради сериозноста на повредите, Мелани првично

Јавен повик до граѓаните за учество во креирање на Буџетот на Општина Кочани за 2026 година

Општина Кочани го започнува процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, односно да се имаат предвид потребите на граѓаните, Општина Кочани упатува јавен повик до институциите, здруженија на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности. Предлозите