Проданоски вети дека ќе биде достоинствен и чесен градоначалник кој што ќе работи за секој граѓанин

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, денеска на почетокот на кампањата истакна дека овие избори не се само политички натпревар, туку избор за подобро секојдневие на граѓаните. Поставени се 10 приоритетни цели кои се важни за граѓаните на општина Прилеп, посочи Проданоски:

„Ми претставува особена чест и задоволство да ја започнеме кампањата од ова култно место за Прилеп, плоштадот Методија Андонов Ченто, кој што е лик кој што претставува почеток на оваа држава, така еве и симболично ја почнуваме секоја кампања од ова место.

Ова нема да бидат избори само за битка кој би ги победил, ова ќе бидат избори кој што ќе значат секојдневие за секој еден прилепчанец. Ова ќе бидат избори кои што ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот за сите прилепчани. Овие се избори кои што ќе ги започнеме со чувство на сигурност, сигурност дека ќе имаме одличен тим, сигурност дека ќе имаме уште подобра програма и сигурност дека ќе ја добиеме најсилната поддршка од Владата на Република Македонија предводена од претседателот Христијан Мицкоски.

Особено ми е чест што денес на овој почеток на кампањата го имаме за наш гостин вицепремиерот и министерот за транспорт и врски кој што не е случајно тука. Инфраструктурата е еден од нашите основни приоритети кои што ги имаме во Прилеп. Клучно е она што ќе го прави Владата автопатот Прилеп-Битола, завршување на експресниот автопат кон Скопје, но тоа е само еден чекор – ние ветуваме програма со која прилепчани ќе добијат подобар живот. Стојам овде пред вас и давам збор дека ќе имате градоначалник кој што е достоинствен, чесен, кој што работи и слуша за секој еден граѓанин. Јас сум вашиот човек. Јас сум човек од Прилеп и човек за Прилеп.

Барам од вас поддршка заедно да ја започнеме оваа кампања и да ја изводиме напред, затоа што вистинскиот избор е овај и тоа е патот за иднината на нашите деца, посочи Проданоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за  новата програма, тој рече дека програмата ќе биде објавена на посебна веб страна:

Новата програма која што ќе го промовира кандидатот за градоначалник и советничката листа ќе биде поставена во дигитална форма, а ќе се потрудиме да ја дистрибуираме, односно да го посетиме секое едно семејство и да ја претставиме програмата која што ја имаме.

Имаме топ 10 проекти кои што се однесуваат и беа собрани од нашите сограѓани и од нашето стопанство и најчесто се тие проекти за инфраструктура. Ветуваме изградба на обиколници околу градот кои што ќе го намалат загадувањето на градот, ќе го намалат оптоварувањето на градските улици. Ветуваме „паметен град“ ветуваме град кој што ќе биде безбеден и тие се основните пунктови на кои што ќе се држиме во наредниот четиригодишен период. И ветуваме она што е клучно и тоа и ќе го правиме заедно со поддршка на граѓаните да имаме еден модерен, зелен и супер развиен  град каков што и заслужуваме, рече Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на општина Прилеп од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели:

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...