Николоски: Заедно со идниот градоначалник Проданоски ќе ги продолжиме инфраструктурните проекти

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На почетокот од кампањата за локалните избори, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Прилеп порача дека очекува фер и достоинствена трка, во која граѓаните ќе ги слушнат и споредат пораките на сите страни. Неговите очекувања се голема победа на локалните избори во интерес на граѓаните :

„Еве сме на почетокот на кампањата за локалните избори, сакав да дојдам денеска тука во Прилеп, за заеднички да ја стартуваме кампањата, да посакам фер кампања, достоинствена кампања, да можат граѓаните да ги слушнат и нашите пораки и пораките на нашите опоненти за да споредат што е она што ние имаме да го понудиме и што е она што последниот период го размислуваат нашите политички опоненти и да направат најдобар избор, и апсолутно сме убедени во голема победа на овие локални избори, мислам дека тука во Прилеп ќе имаме огромна победа затоа што имаме советничка листа и кандидат за градоначалник коишто се докажани, луѓе коишто се од своите места, луѓе коишто многу добро ги познаваат граѓаните, и знаат многу добро кои се и знаат дека она што го има во програмата ќе го реализираат.

Ние во изминативе година и неколку месеци како сме централна власт се обидовме максимално да помогнеме, дали се работи за големите инфраструктурни проекти, се заврши експресниот пат којшто оди од Градско преку Дреново до Фариш, што со години беше запоставено и не се работеше, и се пушти во функција, исто така активно работиме на изградба на големиот автопат од Прилеп до Битола, а правиме планови и за многу брзо време ќе почнеме да работиме и онаму каде што сега завршува експресниот пат тоа е од Фариш до онаму каде што почнува автопатот а тоа е влезот, како Прилеп би бил целосно автопатско или со експресен пат поврзан и со главниот глад, и со Коридорот 10 но исто така и со Битола и на тој начин би имал пристап на два големи патни правци, директно поврзување и со соседна Србија но исто така и со соседна Грција, можност за голем инфраструктурен развој, и поддршка на бизнисот.

Секако тука се и бројни проекти коишто се во делот на инфраструктурата коишто заедно со новиот градоначалник Дејан Проданоски ќе ги работиме, тој беше доста активен во Собранието и се бореше за општината и за целиот овој регион и сум убеден дека како градоначалник ќе го реализира сето она што ќе го претстави пред граѓаните во следниов период а ќе не има нас како голема поддршка и мене лично како носител во четвртата изборната единица и како ресорен министер, но исто така и премиерот Мицкоски, којшто голем фокус посветува и на Прилеп и на целиот овој регион.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели:

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...