Кржеска: се заветуваме да работиме чесно, искрено кон сите граѓани во Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Носителката на кандидатската листа за советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, за Советот на Општина Прилеп, Билјана Кржеска, на првиот ден од изборната кампања се обврза на чесна и грижлива работа во интерес на сите граѓани на општина Прилеп.

„Јас како носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и советничката листа од Прилеп ќе се трудам да бидам гласот на народот и да ги поттикнувам граѓаните да пренесуваат се она кое што имаат проблеми во текот на нивното живеење во нашиот град, да се пренесуваат проблемите во нивното секојдневно живеење за да може побрзо и полесно да се решат во Советот на Општина Прилеп. Како доктор мојата професија ме научи да бидам грижлива, да се грижам за секој еден човек, хумана и посветена кон својата работа. Сите овие работи ќе продолжам да ги применувам во мојата работа во Советот на Општина Прилеп.

Ние се заветуваме да работиме чесно, искрено кон сите граѓани во Општина Прилеп и ветуваме дека ќе работиме да ги поттикнуваме нашите граѓани да се пријавуваат во просториите на Општина Прилеп за полесно решавање на нивните проблеми.

Веруваме во семејството, во трудољубивоста, почитувањето, и љубовта кон нашиот град и нашата држава и сите тие работи не’ поттикнуваат да работиме во Советот за подобри услови, за подобар живот во нашиот град.

Советничката листа и кандидатот за идниот градоначалник за Прилеп се вистинскиот избор на овие локални избори за подобри услови за живот во нашиот град. Ова не е само една политичка одлука, туку е завет за чесност, за искреност кон нашите граѓани и се обврзуваме дека ќе работиме праведно за секој еден човек во нашата општина.

Почитувани сограѓани ве повикувам да не’ поддржите затоа што ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата на овие избори е вистинскиот избор за нашиот град за Прилеп каков што го сакаме,“ рече Билјана Кржеска, носителка на кандидатска листа за советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за Советот на Општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели:

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...