Елизабета Филипоска/новинар/
Започнува битка за локална власт … Оваа ќе бидат 7 по ред локални избори од постоењето на државата, од моето постојано гласање за подобро место за живеење, за подобар простор за работа, за вреднување на професионалноста и трудот, за поквалитетен живот и повисоки стандарди за живеење, за култура во политиката, за култура во здравството, во образованието, во средната во која живеам, за комуналната култура, за културата во соседството, во луѓето, за вреднување на човекот, за … насмевка и среќна иднина на моите деца, на децата од моите соседи …
И, така 34 години затворени во „Магичниот планинар“ на Томас Ман (роман (1924 г) , кој раскажува за младиот инженер Ханс Касторп, кој доаѓа во санаториум во швајцарските Алпи за кратка посета, но останува таму цели седум години. А, санаториумот во приказната се користи како метафора за европското општество пред Првата Светска војна кое како да не го напуштилео моето, денешното седум циклусно локално изменување)
И, освен тоа што често го слушав зборот „НАСКОРО“ (as soon), и никогаш не разбрав кое време е, (бидјеќи од 90“ години наваму ми велат дека „наскоро“ ќе влеземе во ЕУ, и така 35 години наназад) , останувам заработена и во ова „ЌЕ“(ЧЕ)
Од утре започнува неговата употреба! Честичката „ЌЕ“ (која во македонскиот литературен јазик се користи за образување на идно време, минато-идно време, за идно прекажано време итн) за ИДНО време, мене,таа ми ѕвони во ушите веќе 35 години најмали 350.000 пати, во разни варијанти, со различна глаголска ,именски и предлошка форми.И,останува само ИДНО време, без СЕГАШНОСТ кое нам ни треба! И, почнуваат:
„ЌЕ направиме мост на реката!“
„ЌЕ ги вратиме младите од странство!“
„ЌЕ им обезбедиме нови вработување!„
“ЌЕ направиме правична држава!
„ЌЕ создадеме подобар живот за граѓаните!“
„ЌЕ го уредиме паркот и ќе изградиме детски парк со безброј лулашки и неверојатни сателитски ракети!“
„ЌЕ направиме подобар место за живеење за сите!“
„ЌЕ имате чисти улици и многу зелени површини! “ … и, така можам да редам до бесконечност! (Ви дозволувам да продолжите да редите…)
А, јас решив да извикам: „ВИКНИ МЕ, кога ЌЕ дојде ТОА!“
О,ооо, па како се употребувата предлозите за избори?! Да не бидам погрешно разбрана! Не како предлог/идеја , туку како зборови, САМО ЗБОРОВИ. „Предлозите“ (иако, многумина од овие луѓе кои се на изборните листи, верувам, не го знаат литературно значење на предлогот, ниту им било важно) од денеска, ќе ни ги оглушуваат ушите со нивната употреба:
„НАСПРОТИ нив – ние сме подобри …!“ „НАМЕСТО вака ние ќе направиме онака …“, МЕСТО тие ќе бидеме ние“ „МЕЃУ нас постои разлика“ „СПОРЕД нив, ние ништо не сме направиле, а сме направиле.“, итн
А, кога че дојде предлогот НАД – (кој се користи да означи дека некој е на повисоко место од некој друг) , ќе го почувствуваме НАСКОРО сите, без оглед на политичкото збиднување и резултат, зашто тоа е и крајот на приказната наречена „Магичниот планинар“ и САНАТОРИУМ-от, кој нема сегашност, само иднина!
И, вистина, се изгубивме некако во зборовите, а времето не можеме да го вратиме! Продолжуваме длабоко да го трошиме на лажни луѓе, кои водат своја нарцисоидна, користољубива битка за моќ и власт, луѓе кои зборот го започнуваат со честичка, а нам ни го оставаат прилогот “НАСКОРО“, кој носи чувство на очекување и блискост во времето, иако никој од нив, и никој пред нив, до ден денес не кажал/и нема да каже дали се тоа минути, денови, месеци години или векови, во очекување за излеземе од мановиот САНАТОРИУМ.
Достоевски рекол: „Ништо на светот нема ПОТЕШКО од ИСКРЕНОСТА, а нема ништо ПОЛЕСНО од ЛАСКАЊЕТО (нешто што ни звучи убаво или ни годи, дури и ако не е целосно искрено, комплимент за да се придобие НЕКОЈ)!
Па, започнува со најлесното „ЧЕ, (ЌЕ) ЛАСКАМЕ, НАСКОРО!“