Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на влезот во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на влезот во Прилеп од страната на Македонски Брод. Од 14:35 часот поради на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај с.Мажучиште, во прекин е патниот сообраќај, кој се пренасочува преку алтернативен земјен пат, информираат од АМСМ

На коловозот се судриле два автомобила од кои едниот автомобил излетал од патот. Според првични информации, жртви нема, но во сообраќајката има лица на кои им се нанесени тешки телесни повреди.

На лице место се екипи на полицијата кои го пренасочуваат сообраќајот по околениот земејен пат.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели:

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...