Од полицискиот билтен две информации кои се однесуваат на пријави за физички напад и закани :
На 26.09.2025 во 02:30 часот во ОВР Прилеп, Л.Ш.(19) од Прилеп пријави дека на Градскиот плоштад во Прилеп бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во здравствена установа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 25.09.2025 во 17:30 часот во с.Селце, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.М.(29) од с.Селце. Според пријавеното, тој започнал расправија со негов сосед, по што го стартувал тракторот и се обидел да го удри соседот, но удрил во оградата. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.









