(видео) Министерот за спорт Борко Ристовски на Градскиот стадион” Никола Мантов” : На спортот во Кочани како министерство и како држава му стоиме на располагање

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Министерот за спорт Борко Ристовски најави формирање на фонд  од кој министерството ќе ги помага спортските клубови. Фондот ќе биде формиран после октомвриските локални избори, по што до крајот на годината средствата ќе бидат поделени таму кај што се најпотребни.

Ристовски ова го кажа во Кочани, денеска доцна попладне, на градскиот стадион „Никола Мантов“, каде се сретна со претставниците на спортските клубови од градот, со спортските работници и наставниците по физичко образование од основните и средните училишта.

Откако сум јас министер поделивме 20 милиони евра, директно за спортот, настрана од капиталните инвестиции. Доколку мене ме прашате, тоа се многу средства. Првата година понекаде прогледавме низ прсти. Но, понатаму ќе правиме селекција. Многу повеќе средства ќе добиваат оние што се навистина успешни, и оние што се во зачеток и се чесни. Тие секогаш ќе ја имаат нашата подршка, нагласи министерот Ристовски.

Тој за Кочани рече дека е спортски град и дека заслужува посебно внимание. Министерот за спорт смета дека во изминатите дваесетина години овој град, повеќе или помалку  бил ставан на маргините.

Како министерство, како држава и преку спортските федерации на Кочани му стоиме на располагање. Ќе помогнеме во сето она што вие како спортски работници ќе го побарате, се разбира во рамките на можностите. Во таа насока ќе го направиме тој фонд, од кој ќе добиете средства со кои клубовите ќе ги задоволат барем основните потреби за работи, најави една од легендите на македонскиот ракомет, сега министер, Борко Ристовски.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на