Познати редните броеви на кандидатите за градоначалници и советници во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска беа извлечени редните броеви под кои ќе се појават кандидатите за градоначалници и советнички листи на претстојните локални избори во Кочани.

Извлекувањето беше спроведено на официјална седница, согласно изборната процедура.

На овие избори, граѓаните на Кочани ќе избираат помеѓу шест кандидати за градоначалничката функција и девет советнички листи.

Советнички листи:

Александра Христова (коалиција „Искуство за успех“) – број 1

Суад Мехмед (партија ЗНАМ) – број 2

Александра Коцева (коалиција СДСМ) – број 5

Ванчо Мишовски (партија Левица) – број 6

Александар Андов (коалиција ВМРО‑ДПМНЕ) – број 9

Благој Илиевски (партија ГРИН) – број 25

Благица Сабовљевиќ Стоименова (Група избирачи) – број 73

Влатко Здравков (Група избирачи) – број 85

Аки Акиов (Група избирачи) – број 98

Кандидати за градоначалник:

Даниел Глигоров (Единствена Македонија) – број 12

Венко Крстевски (Група избирачи) – број 57

Жаклина Филипова Свеќароска (Левица) – број 6

Зоран Тодоров (Група избирачи) – број 71

Игор Христов (коалиција СДСМ) – број 5

Владко Грозданов (коалиција ВМРО‑ДПМНЕ) – број 9

Резултатите од ждрепката ќе бидат дел од официјалниот изборен материјал, вклучително и на гласачките ливчиња.

Изборите се закажани за 19 октомври, а кампањата започнува в понеделник 29 септември.

Д. Николов

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на