Совет на Општина Прилеп ја одржа 68-та седница сво повеќе точки на дневен раед кој беа усвоени за еден час. Фокусот на Седницата беше ставентримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Пазари – Прилеп, за период од 01.04.2025 година до 30.06.2025 година и на ЈКП Водовод и канализација-Прилеп, за истиот период годишниот план за вработување во 2026 година на ЈКП Водовод и канализација-Прилеп.
Со мнозинство гласови од советниците беа одобрени годишните извештаи за работа за учебната 2024/2025 година и програмата за работа за 2025/2026 година на училиштата и одлуките за формирање на паралелки со помал број на ученици во I (прва) година во учебната 2025/2026 година во сите средни училишта.СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“-Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп, СОУ „Орде Чопела“-Прилеп и СОУ „Ристе Ристески-Ричко“-Прилеп.
Опозицијата ги прифатија програмите, но го посочија постојаниот проблем кои се провлекува од минатата година околу бесплатен превоз на ученици во средните училишта и побраа итно информација од надлежните служби, за тоа „како средношколците кои живеат надвор од урбанта средина доаѓаат на настава ?!.“, „дали учениците се безбедни при патувањето до ушилиште ?!“ “колкав е бројот на ученици кои не доаѓаат на настава поради немање на превоз?!“, барајќи одговор и од директорите на училиштата по овие прашање.
Во контекст на овие прашања Претседателката на Совет одлучи одговорите да ги достави до советниците во писмена форма.
Советот одлучи да им ги додели на трајно користење донираните минбуси на ЈП за ПУП Прилеп, а на ООУ „Климент Охридски“, на ООУ „Кочо Рацин“, на ООУ „Рампо Левката“ и на ЈОУДГ“ Наша иднина“,да им додели на трајно користење стоматолошка опрема, донација од невладина организација.
Како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишна возраст во ЈОУДГ „Наша иднина“-Прилеп, беше едногласно прифатена одлуката за ослободување од партиципација во ЈОУДГ „Наша иднина“- Прилеп на 20 деца Роми од социјален ризик, на возраст од три до шест години, за 2025-2026 година.









