Срам за македонскиот фудбал: Клубови краделе од деца!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вчерашната информација на Фудбалската федерација на Македонија ни остави вистинска горчина, па решивме малку да ни слегне пред да го изнесеме нашиот став околу целата ситуација.

Имено, ФФМ вчера објави дека дел од фудбалските детски клубови барале пари од родителите на децата за спортската опрема, која всушност е дадена бесплатно од страна на Федерацијата.

Ваквиот срамен чин на дел од клубовите претставува директно крадење од децата, не само од финансиски аспект, туку и од мотивираноста, вербата и желбата за тренирање.

Иако некои од сопствениците на клубовите мислеле дека на овој начин ќе се збогатат, тие всушност директно влијаат негативно на промоцијата на спортот кај младите и децата.

Па, наместо да претставуваат отскочни даски на соништата на младите фудбалери, тие претставуваат рано соочување со еден трул систем во којшто нема никакви вредности, ниту чувство за срам од ваквите постапки.

Ја поздравуваме решителноста на Фудбалската федерација на Македонија да ги објави јавно ваквите информации и апелираме после ревизијата да ги објави јавно и имињата на клубовите коишто го направиле ваквиот чин.

Во време кога сите треба да се стремиме кон градење на здрава иднина за нашите деца, во време кога преку спортот може да ги научиме на вистински вредности, тимска игра, љубов кон здравиот начин на живот, непростливо е токму детските клубови да се однесуваат на ваков начин.

Доколку децата од мали нозе ги соочиме со вакви ситуации, како од нив после би очекувале да израснат во здрави и разумни возрасни личности кои го сакаат спортот за неговата чистина и искрена љубов?

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на