(видео) Образование – 15 илјади евра за ОУ „Никола Карев“ преку Македонско – бугарската стопанска комора

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На прес конференција денеска во ОУ „Никола Карев“ од Кочани се изврши промоција на проектот„Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“, чија вредност изнесува 15 илјади евра, обезбедени од Бугарската амбасада. Истиот се имплементира од страна на Македонско – бугарската стопанска комора, а носител е кочанското основно училиште „Нокола Карев“.

Проектот ќе се реализира во наредните седум месеци и со него ќе бидат опфатени и ученци од училишта надвор од Општина Кочани.

Основна цел е обезбедување инклузивно и квалитетно спортско образование и збогатување на училишната спортска опрема во „Никола Карев“, соопшти на прес конференцијата, Ирена Мирчовска, координатор на проектот.

Целна група ќе бидат уленици од прво до деветто одделение во основните училишта во Кочани. Во проектните активности акцент ќе им се даде на децата со попреченост, како и на девојчињата во контекст на промовирање на еднаквите можности и пристап до било кој спорт. Во дел од активностите, освен учениците, ќе бидат вклучени и нивните родители, со цел да се покажат вистинските вредност на образованието и врската помеѓу децата и нивните родители, нагласи Мирчовска/

Проектот„Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ требаше да започне со реализација во 1 март годинава, но трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од разбирливи причини ги одложи сите предвидени активности се досега.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на