„Oсумка“ во мрежата на Победа- го губи ли клубот чекорот за опстанок?!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Фудбалски вљубеници се целосно разочарани од вчерашниорт фатеалне пораз на ФК Победа кој заврши со осум погодоци во мрежата на Победа – резултат Скопје- Победа 8:1 во 5. коло на Втората лига. За оваа катострофална загуба зборуваат и оние кои не се инволвирани во фудбалот. А,  фудбалски дискусии за овој фатален пораз, каде Победа беше декласирана и усрамена, се прелеаа и на социјалните мрежи . Иако, домашните од 18 мин, играа со играч помалку , тимот на Победа не усепа ниту да поведе ,ниту да го зачува нерешенот резултаа 1:1 кој беше до 18 мин.  Оваа „несреќна состојба“ на клубот е само резултатска последица на она што се случуваше со  месеци, без оглед што многумина веруваа во некави промени. А, следните очекувања се “кој/и   мерки ќе преземе за ова да се реши?„,зашто веќе клубот ја губи „рамнотежата“ и надежда кај прилепчани.

Од клубот, пишува порталот Шампион , веќе најавиле два состанока од кои секако ќе произлезат  некакви мерки за консолидација. Тешко е, финансиска помош нема пристигнато – според наши сознанија, ситуацијата е од лоша – полоша, полоша и од август, пред почетокот на првенството. Народот мора да ја знае целосната вистина – дека клубот можеше да не постои, а некои поединци се изборија тој да постои, што е за одбележување. Но, со мини-подготовки од една речиси една седмица, без ниеден пријателски меч, овие катастрофални резултати не можеа да се избегнат.“-пишува спортскиот локален портал Шампион.ТУКА

„Ова е голем срам за некогашниот двоен шампион на Македонија, на некогашниот наш фудбалски гигант.„- пишува скопскиот портал sportsport.mk

„Дали се реалност, дали се вистина? “- се прашува спортскиот портал Шампион, за осумте гола во мрежата на Победа

Следниот меч е дома со Големо Коњари.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: