За претстојните Локални избори 2025 година во општина Кривогаштани и за кандидат за градоначалник на општината и за листи за советници нема кандидати предложени од група граѓани.
Во трката за градоначалничкото место влегуваат две коалиции со следните кандидати:
– Игор Каравилоски „КОАЛИЦИЈА ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025 ГОДИНА“ предводена од СДСМ
– Сашо Граороски КОАЛИЦИЈА „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ
Додека пак за кандидатските листи за советници потврдени од Државната изборна комисија се вкупно 3 листи со 33 кандидати од следните партии и коалиции:
– политичката партија Левица – носител Андреј Ацески,
– „КОАЛИЦИЈА ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025 ГОДИНА“ предводена од СДСМ -носител Горан Новакоски
– КОАЛИЦИЈА „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ – ВМРО – ДПМНЕ – носител Дијана Дуртаноска