Потврдено – Кочани со избор како никогаш до сега: шест кандидати за градоначалник и девет советнички листи

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Потврдени се листите со кандидати за советници и за градоначалник на Општина Кочани за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, соопшти претседателот на ОИК, Билјана Димовска Гичева.

Ова значи дека кочанчани пред себе ќе имаат избор како никогаш до сега од осамостојувањето – шест кандидати за градоначалник и девет листи со кандидати за советници.
Д – р Влатко Грозданов е кандидат  за градоначалник од редовите на ВМРО _ДПМНЕ и коалицијата, Игор Христ на СДСМ и нивната коалиција. Даниел Глигоров е кандидиран од партијата Единствена Македонија, а Жаклина Филипова Свеќароска на Левица. Зоран Тодоров и Венко Крстевски се независни кандидати за градоначалник на Општина Кочани.
Еве ги носителите на кандидатските листи за членови на Советот на Општината:

Носители на листите:

Група избирачи – Благица Сабовљевиќ Стоименова

Група избирачи – Аки Акиов

Група избирачи – Влатко Здравков

Партија ЗНАМ – Суад Мехмед

Партија Левица – Ванчо Мишев

Партија СДСМ – Александра Коцева

Партија ВМРО‑ДПМНЕ – Александар Андов

Коалиција „Искуство за успех“ (Либерално‑демократската партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра‑Македонска конзервативна партија, Партија за целосна еманципација на ромите) – Катерина Христова

Партија Граѓанска иницијатива ГРИН – Благој Илиевски

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден во Академијата „Прогресив на Винчини“ со идните средношколци

Во „Прогресив Академијата“ на „Макпрогрес Винчини“ денеска се одржа отворен ден за учениците од основното образование при што беше претставено гимназиското и стручно образование од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница. Во врска со настанот, разговаравме со директорот на фондацијата, Александра Кирилова. Убав пример како завршната генерација основци може да размислува за понатамошното образоваие, како би

Последниот ден од животот на Никола Карев во Рајчани – Предание што го чува и пренесува чичко Ангел

Селото Рајчани, оддалечено дваесетина километри од Кочани е последното пребивалиште на Никола Карев, пред неговата смрт на 27 април 1905 – та година во Свиланово. Рајчани се наоѓа на Осоговските Планини на надморска височина од нешто над 700 метри. Доколку се појде од Кочани, најпрвин се минува низ селата Бели, Нивичани и Пантелеј. Патот во

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари