Пингпонгарскиот клуб Младост 96 е респектабилен клуб во земјава кој неколку сезони ги игра клучните натпревари во суперлигашкото пингпонгарско друштво.Од тука и сезоната која претстои за прилепчани ќе биде од големо значење во намерата за освојување на тронот во пингпонгото првенство .Во отворената програма #РАДИОШТОСЕГЛЕДА и спортската емисија СПОРТСКИ ЖУРНАЛ ни гостуваше Златко Рикалоски од прилепскиот клуб кој е и подпретседател на пингпонгарската федерација на Македонија.Во разговорот Рикалоски ни го претстави и планот на подготовки за престојната сезона а исто така истакна дека во иднина ќе му биде драго да ги види двете титули и во машка и во женска конкуренција во витрините на Младост96.Погледнете го гостувањето во видеото подолу.