Во прилепско село и во село во Оптшина Долнени, полицијата регистрирала физички напади по пријава на нападнатите.
На 14.09.2025 во 12:00 часот во ОВР Прилеп, 33-годишник од Прилеп пријави дека во прилепско село ( кое не е наведено во полиискиот билтен) бил физички нападнат од Б.Д., татко на неговата сопруга.
Истиот дена, (14.09.2025 ) во 05:30 часот во ОВР Прилеп, 29-годишна жена од село во општина Долнени пријавила дека во семејниот дом во селото била физички нападната од нејзиниот сопруг.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.