Локални избори 2025 Прилеп: Во трка 9 кандидати за градоначалници и 10 листи за советници

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Девет кандидати за градоначалник на Прилеп и десет листи за советници за Советот на Општина Прилеп ќе влезат во трката на претстојните локални избори доколку Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди нивните кандидатски листи.

Четворица од кандидатите за градоначалници се поддржани од група избирачи:

Љупчо Дунимаглоски

– Ѓорѓија Игески

– Борче Чупетрески

– Павлинче Матеска

Од политичките партии и коалиции се следниве кандидати:

Петра Лукареска (Коалиција за локални избори 2025 г. предводена од СДСМ

Владимир Ѓорѓиоски (Македонска Ера Трета/Македонски Независни Листи-Суверенисти- За Локални Избори 2025 на територија на Северна Македонија

Дејан Проданоски (Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА – предводена од ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство), Локални избори 2025

Жарко Бошкоски (ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ – Либерално – демократската партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра – Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на ромите од Република Северна Македонија, за Локални избори 2025 г. за територијата на РСМ

Јасминка Стојковска (Политичка партија ДЕМОКРАТИ Скопје За изборна кампања за локални избори 2025 година за Избори за членови на советите на општините низ цела територија на Македонија и советот на Град Скопје и за градоначалник на општините низ цела територија на Македонија и градоначалник на Град Скопје

 

Кандидатски листи за советници Општина Прилеп и носителите на листи:

– Политичка партија Левица – Методија Костоски

– Група избирачи – Иле Бачанов

– Група избирачи – Страшо Наумоски

– Коалиција за локални избори 2025 г. предводена од СДСМ – Драгица Николоска

– Македонска Ера Трета – независна листа – Никола Трајкоски

– Политичка партија Единствена Македонија – Милан Јовчески

– Движење ЗНАМ – За наша Македонија – Мирјана Стеваноска

– Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ – Билјана Кржеска

– Македонска акција МААК Сопиште – Давид Станкоски

– ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ – Либерално – демократската партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра – Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на ромите од Република Северна Македонија, за Локални избори 2025 г. за територијата на РСМ – Васе Стефаноска

Согласно Роковникот за локалните избори 2025 година, ОИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш по приемот на листата односно најдоцна на 14 септември. Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, веднаш по потврдувањето на листата односно најдоцна на 20 септември 2025 година.

По завршување на процесот на проверка на документацијата и исполнетоста на законските услови и потврдување од страна на ОИК, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини кои ќе учествуваат на изборите.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидати ДИК ќе ја одржи најдоцна на 25 септември.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври 2025, а вториот две недели подоцна, на 2 ноември.

Изборната кампања официјално ќе започне 20 дена пред денот на гласање.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Полициски билтен: Ја нападнал сопругот, а во друго село зетот бил нападнат од дедото

Во прилепско село и во село во Оптшина Долнени, полицијата регистрирала физички напади по пријава на нападнатите. На 14.09.2025 во 12:00 часот во ОВР Прилеп, 33-годишник од Прилеп пријави дека во прилепско село ( кое не е наведено во полиискиот билтен) бил физички нападнат од Б.Д., татко на неговата сопруга....

(ВИДЕО)Рикалоски : Се надевам дека во иднина ќе ги обединиме титулите во машка и женска конкуренција

Пингпонгарскиот клуб Младост 96 е респектабилен клуб во земјава кој неколку сезони ги игра клучните натпревари во суперлигашкото пингпонгарско друштво.Од тука и сезоната која претстои за прилепчани ќе биде од големо значење во намерата за освојување на тронот во пингпонгото првенство .Во отворената програма #РАДИОШТОСЕГЛЕДА и спортската емисија СПОРТСКИ ЖУРНАЛ...

Kaj посетители на Прилеп пронајдена марихуана

Го посетиле Прилеп, а во нив, при прглед на полицијата пронадена била марихуана. На 14.09.2025 во 20:20 часот на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишија од слобода Н.Р.(25) од с.Цапари, битолско и  Д.А.(26) од с.Златари, ресенско, затоа што при преглед кај  нив, кај Н.Р. е пронајдена марихуана. По документирање на...