Нова ера во профи боксот во земјава , Simfonija Boxing NIght на 27ми септември во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Професионалниот бокс се враќа во Прилеп! Нова ера во профи боксот во земјава , заедно со најдобрите професионални боксери од Македонија и регионот.Simfonija Boxing Night ќе биде незаборавна вечер исполнета со возбудливи борби и незаборавна забава.Сабота 27,09.2025 , Сала „Симфонија” – Ново Лагово , Прилеп со почеток во 19часот

 

Во рингот на Simfonija Boxing Night ќе се појават , македонскиот претставник Михаил Волканоски и босанскиот боксер Недим Селимовиќ (борба во четири рунди-SUPERFEATHERWEIGHT­), во втората борба ракавиците ќе ги вкрстат, Неро Герлек – Македонија и Бошко Мишиќ – Хрватска ( четири рунди CRUISERWEIGHT).На оваа незаборавна боскерска вечер ќе се појави и нашиот Тоше Цветков кој ќе боксува против Јасмин Хашиќ – Босна и Херцеговина (шест рунди HEAVYWEIGHT).Лос Бобош од Романија ќе боксува против Ѓорѓе Крсмановиќ од Босна и Херцеговина ( осум рунди – MIDLEWEIGHT).Оваа борба ќе биде и борба за УБО КОНТИНЕНТАЛНА титула

 

Свој настап пред прилепската пувлика на Simfonja Boxing Night во профи боксот ќе има Ице Трајкоски кој во борба од четири рунди – CRUISERWEIGHT  ќе боксува против Дејан Бубиќ од Србија.Во својата втора професионална борба ќе се впушти и Матеј Чатлески во категорија LIGHTHEAVYWEIGHT , борба од четири рунди против боксерот од Србија Срџан Жариќ.

За сите кои сакаат незаборана ноќ на професионален бокс и AFTERPARTY  забава со LOCKDOWNBAND , комбинација на спорт и забава ,влезниците се по цена : BASIC – 300 денари (високи маси ) и VIP – 1000 ден. по лице (маси веднаш до ринг за 6–10 лица, вклучено вино, шампањ и ордевер.Карти и резервации на телефонските броеви 070/767-711 , 075/906-263 и 078/446-654 .Влезници има достапни и во Power System Shop Prilep и FitStar Gym Prilep.

Не заборавајте ова е повеќе од обична бокс вечер , ова е Simfonija Boxing Night , во организација на ПроБокс Македонија.Се што треба да понесете со вас е само желба за адреналин за да доживеете незаборавни боксерски моменти.ПОВЕЛЕТЕ на бокс во Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повоторно лага за сообраќајка на близок – измамена 88 годишна старица од прилепчанец и крушевчанец

Полицијата уаспи прилепчанец и крушевчанец за телефонска измама со добро позната лага дека близок член на семејство направил сообраќајка и се потребни пари да се извлече од ситуацијата. Овој пат жртва на измамниците биле 88 годишна жена од Битола, а повикот се случил кон крајот на август. -Пријавените довеле во...

Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Денеска, Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени. По тој повод тој на својот ФБ профил напиша: Тој доаѓа на местото градоначалник од Коалицијата ВЛЕН.

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...