(ВИДЕО-ФОТО)МЛЕКО 2025: Гласот на сточарите е глас за опстанок на автентичните млечни вкусови и селото

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп по четврт пат е домаќин Фестивалот „Млеко 2025“ во организација на Слоу Фуд Прилеп, со поддршка на Слоу Фуд Македонија. Годинешната манифестација се реализира под мотото: Гласот на сточарите со цел да се акцентира работата и придонесот на сточарите и малите локални преработувачи на млечни производи кои ги пренесуваат автентичните вкусови на традиционалното сирење и други млечни производи. Се претставија 10 тина млекопреработувачи од прилепско, од Пелагонија и од Македонија секој со својата палета од автохтони производи.

„Без сточарите би немало смисла, постоењето на стоката, би ни биле празни селата и сакаме како Слоу Фуд да бидеме еден мост помеѓу сточарите и институциите, да им помогнеме за подобро да можат да се снајдат во лавиринтите институционални, и мост помеѓу сточарите, производители и купувачите. Ваквите настани се од голема важност за малите производители, затоа што ова е можеби еден од единствените начини каде што можат да ги претстават своите производи“

, рече Тодорка Наумоска Димески, лидер на Слоу Фуд Прилеп, потенцирајќи дека една од најголемите причини што фестивалот е во Прилеп е токму Мариово, еколошка средина идеална за производство на квалитетни млечни преработки.

Ресорното министерството преку Програмата за рурален развој ги поддржува манифестациите за промоција на домашните производители, руралниот туризам и здруженијата.

„Заложбата на министерството е преку вакви манифестации да се промовираат домашните преработки на земјоделски производи, да се развие локалниот туризам, да се поддржуваат здруженијата кои што постојат на ниво на држава се’ со цел оваа промоција да добие една сериозна традиција. Согласно ветувањето од минатата година и финансиската поддршка кон сите здруженија за оваа година сериозно ја зголемивме поддршката за 200 илјади денари по корисник што мислам дека дополнително ќе стимулира, а и самата глетка на овој настан е една сериозна организација и самите сточари можат да ги промовираат своите преработки,“

рече Цветан Трипуновски, министер за земјоделство додавајќи дека финансиската поддршка за сточарите за 2025 та година е зголемена за речиси 50% со цел да се зголеми домашното производство на млеко и млечни производи.

„Со ова ние влиеаме и на ревитализирање на селата, односно ги стимулираме да произведуваме што е можно повеќе производи. Посебен акцент даваме на сточарите и млекопреработувачите кои што масовно учествуваат на овие манифестации“, рече Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп. 

Покрај сточари и млекопреработувачи на Фестивалот „Млеко 2025“ учествуваа и производители на други видови храна и занаетчиски производи, па така беа присутни винарии, дестиларии, пчелари, месопреработувачи …
Во рамките на манифестацијата се одржа конференција на две теми: „Предизвици во процесот на регистрација според правилниците за продажба од куќен праг“ и „Состојби со човечки капацитети во секторот сточарство“. За најмладите се одржа детско едукативно катче  и работилница „Ние во чизмите на сточарот“ – со Гоце Бумбароски и Royal Kids House. Фестивалот својата завршница ја имаше на Камена Бина во организација на Слоу Фуд Млади Македонија со „Диско Супа“ и шеф Маре Јаневска со Јана Мрческа & Баже.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: