Започна собирaњето предлози за доделување 3-то Ноемвриски награди и признанија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска, Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, при Советот на Општина Прилеп, информираше дека од 11 септември до 13 октомври, започнува процесот за поднесување предлози за претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти за доделување 3-то Ноемвриски награди и признанија, за прилепчани кои дале свој придонес во општествено-политичкиот, културниот, спортскиот развој во заедницата.

“По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп 3-ти Ноември, Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници традиционално секоја година доделува општински награди и признанија “3-ти Ноември” како и награда за животно дело. Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот. Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти. Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп, во приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп почнувајќи од денес (11.09.2025) до 13.10.2025 година. Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3-ти Ноември 2024 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област“ рече претседателот на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп, Игор Николоски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...

Формирани Комисии за работа на Советот на Општина Прилеп

На 02-та седница на Советот на Општина Прилеп во новиот состав,  советниците со мнозинство на гласови како прва точка на дневниот ред советниците го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на Катерина Пузеска за член на Советот на Општина Прилеп.На дневен ред потоа беа усвоени прделозите за формирање на комисии кои...