Од 12 октомври Македонците за влез во ЕУ ќе мора да дадат отпечатоци од прсти и да бидат фотографирани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Европската Унија (ЕУ) воведува нов дигитален систем за контрола на границите, познат како Систем за влез/излез (ЕЕС), кој ќе започне со примена од 12 октомври 2025 година.

Овој систем ќе го замени рачното ставање печати во пасошите со електронска евиденција и биометриски податоци, а ќе се однесува на патниците од земјите што не се членки на ЕУ, вклучително и на македонските граѓани, при секое влегување или излегување од Шенген зоната.  

Новиот систем ќе важи за повеќето граѓани кои не се државјани на ЕУ, како оние на кои не им е потребна виза, така и оние на кои им е потребна краткорочна виза за престој до 90 дена во период од 180 дена.  

При првото патување под новиот режим, патниците ќе мора да дадат биометриски податоци, односно отпечатоци од прсти и фотографија од лицето. Оваа регистрација е еднокатна и евиденцијата ќе важи три години или до истекот на важноста на пасошот. Доколку еднаш сте ги поминале границите на европските земји кои го користат ЕЕС откако системот почнал со работа, вашите отпечатоци од прсти или фотографијата од вашето лице веќе ќе бидат евидентирани во ЕЕСр

Важно е да се напомене дека Системот за влез/излез (ЕЕС) е различен од Европскиот систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС). Додека ЕЕС е систем за обработка на податоци на граница, ЕТИАС е онлајн овластување за патување кое патниците ослободени од виза ќе треба да го добијат пред да тргнат на пат. Се очекува ЕТИАС да стапи на сила кон крајот на 2026 година, откако ЕЕС ќе биде целосно во функција.

Повеќе на ЛИНК

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: