Денеска (10.09.2025 година) на 93 година почина Прим. д-р. Круме Соколовски поранешниот претседател на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп, Прим.
д-р КРУМЕ СОКОЛОСКИ е роден во 1932 година во Прилеп. Во 1953 година завршил Воено медицинско училипте во Љубљана, после што две години е во служба во Скопје, како санитетски офицер. Во 1953 година се запишува на Медицински факултет во Скопје, кој го завршува во 1959 година. Во 1965 година спацијализира нервопсихијатрија, после што се вработува во Здравствениот дом во Прилеп.
Бил началник на Општа здравствена заштита во Медицински центар – Прилеп, а во два мандати и генерален директор на Медицински центар – Прилеп. До пензионирањето е началник на нервопсихијатриската служба во Медицински центар – Прилеп. Бил запишан на двегодишни магистерски студии по социјална медицина, каде ги полага сите испити.
Во својот работен век бил секретар и претседател на Лекарски актив – Прилеп, делегат во Собрание на Р.Македонија, заменик претседател на Одбор за здравство и социјална политика, претседател на Совет на медицински центар – Прилеп и претседател на Управен одбор три години после осамостојувањето на Р.македонија.
Има напишано повеќе од педесет стручни трудови и книги. За долгогодишната стручна и организациона работа има добиено повеќе негради и признанија, меѓу кои Деветосептемвиска награда на Општина Прилеп, Третоноемвриска награда за животно дело на Општина Прилеп, Медал за воени заслуги итн.
Погребот на Прим. д-р. Круме Соколовски ќе се изврши утре во 12 часот на Новите градски гробишта во Прилеп.