Фестивал Млеко 2025 – по седми пат во Прилеп кај Градскиот саат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Седми пат по ред, во срцето на Прилеп – кај градскиот Саат, в сабота, на 13 септември, во срцето на Прилеп- на платото кај Градскиот сат, ќе се одржи седмото издание на „Млеко“ – единствениот фестивал во Македонија посветен на занаетчиски млечни производи со локален карактер и висок квалитет.ќе се одржи Фестивалот на млекото.
Оваа година во фокусот ќе биде ставен на сточарите и производителите на млеко и млечни производи – луѓето кои со години, со посветеност и љубов, се грижат за стадата и ја негуваат традицијата на производство. До нив: селекција на внимателно одбрани придружни вкусови – леб, мед, зачини, сезонско овошје, вино и разни занаетчиски производи што природно се надополнуваат.

„Млеко“ е веќе препознатлива сцена за сите што го ценат автентичното, организиран  од Слоу Фуд Прилеп, со поддршка од Слоу Фуд Македонија, и секоја година носи нов квалитет и нови содржини.

Годинава, фестивалот добива нова енергија со нова генерација активисти – млади луѓе кои ја гледаат храната како простор за промена: начин да се зачуваат вредностите, да се поддржат вистинските производители и да се пренесе идејата за квалитет кон иднината. На “Млеко 2025” ќе можете да пробате мали серии автентични млечни производи – бели и биени сирења, урда, зрели кашкавали – директно од производителите, да разговарате со нив за процесите, потеклото и вредностите што стојат зад секој залак. 

Во рамките на манифестација ќе се одржи конференција: Гласот на сточарите,  со панел дискусии: Предизвици во процесот на регистрација, и Човечки капацитети во сточарството.

За најмладите, ќе има едукативно катче со креативни активности, а во текот на денот ќе се одржат работилници и изложба на ученички проекти инспирирани од храната и земјата.

Во попладневните часови, новата генерација активисти ќе ја претстави својата верзија на „диско супа“ –  настан со порака, а сето тоа ќе биде придружено со жива музика и опуштена урбана атмосфера што го одразува духот на фестивалот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: