На Градски Победа – Башкими (утре) во меч од Купот на Македонија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре, (9 септември (вторник) фудбалските љубители и симпатизерите на Победа повторно ќе ги гледаат  својот тим на домашен терн. Утре, во рамките на 16-финалето од Купот на Македонија, од 15.30 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е мечот Победа (Прилеп) – Башкими (Куманово) .

Тоа ќе биде интересен дуел,велат познавачите на фудбалот,  помеѓу домашниот второлигаш кој донесе  нови играчи,но не многу покажа на терен,  против гостинскиот прволигаш. Натпрварот треаше да се одиграна  пред пест дена , но одложувањето беше на барање на гостите, поради згуснатиот распоред на мечевите во овој период.

Инаку, во врска со симпатизерите на Победа, од клубот велат дека се уште се во продажба сезонските влезници по цена од 1.200 денари, а клупската канцеларија за оваа намена е отворена секој ден во попладневните часови, за време на тренинзите на екипатa.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: