Во Големо Коњари, на домашен терен , ФК Големо Коњари – Беласица (Струмица) 1:7, а во Ресен, Преспа – Победа (Прилеп) 5:0. За Г. Коњари единствениот гол го постигна Илчо Митревски, а Победа не постигна ниту еден гол и се врати дома со тежок пораз на „својот грб“.
Нeславниот исход од играта и рекордни голови во мрежата на двата општински прилепски фудбалски клуба, не им дава голем оптимизам на навивачи дека нешто ќе се промени во следното натпреварувачко коло. Двете екипи, моментно се на дното на табелата од ВМФЛ.
СЛЕДНО 4. КОЛ0 (13 септември во 15.30 часот) Победа на домашен терен го пречекува Охрид-моментно седми на табелата од ВМФЛ, а Големо Коњари му од на гости на Шкендија во Арачиново, кој е на втората позиција на табелата, по Беласица (Шкендија А. – Големо Коњари)