Заврши со запросување – концерт на КУД “Мирче Ацев“ по повод државниот празник 8 – ми Септември

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со целовечерен концерт во ЦК Марко Цепенков КУД “Мирче Ацев“ -Прилеп , заедно со пејачката група на „Преродба“, како гости на вечерта,  дадоа свој придонес во одбележувањето на 8 -ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија .

Автентично на интерпретирањето на македонското оро и песна на сцената, исткаено со љубов и со присуство на повеќе генерации кои станале вљубеници во народниот фолклор само ја потврди важноста и убавината од постоење на КУД „Мирче Ацев“-Прилеп, којшто е наш, прилепски, македонски, културен и автентичен негувач на идентитетот и постоењето на македонската традиција и култура. На концертот неколку генерации ги покажаа своите играроски вештини, голем ентузијазам и љубов кон народните игри и песни.

Но, концертот, не можеше подобро да завраши,на воодушевување и изненадување на сите – заврши со запросување на членови на друштвото, што беше круна на прекрасната изведба во која уживаше публиката која, за овој настан, ја наполни салата на домот на културата „Марко Цепенков“, до последното место.

Инаку, речиси осум децении КУД „Мирче Ацев“ е македонски и прилепски фолклорен амбасадор, кој го промовира македонскиот фолклор и традиција во Македонија но и надвор од Македонија. Од неговото постоење (1947 година) илјадници игроорци биле негови членови кои одржале повеќе од 5000 концерти, на сите континенти во Светот. Сето ова говори за важноста и улогата на КУД Мирче Ацев – Прилеп како културен амбасадор во Светото и во одржувањето, негувањето, чувањето и промовирање на македонските вредности.

КУД „Мирче Ацев“ има освоено бројни награди во повеќе држави, а е добитник и на третоноемвриското признание на градот Прилеп за негувањето на македонскиот фолклор.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...

Формирани Комисии за работа на Советот на Општина Прилеп

На 02-та седница на Советот на Општина Прилеп во новиот состав,  советниците со мнозинство на гласови како прва точка на дневниот ред советниците го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на Катерина Пузеска за член на Советот на Општина Прилеп.На дневен ред потоа беа усвоени прделозите за формирање на комисии кои...