Почнува ракометната Супер лига – Прво коло дома РК Прилеп – Еурофарм Пелистер 2

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В сабота од 18.30 часот на стартот од Супер ракометната лигата на Македонија за мажи во првото коло прилепчани се домаќини. Во салата на СОУ Ристе Ристески Ричко екипата на РК  Прилеп – го дочекува Еурофарм Пелистер, традиционално пелагониско дерби, прилепчани против битолчани.

Потсетуваме дека неодамна овој битолски суперлигаш го освои првото место на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп, во финалето совладувајќи го со 32:26 токму домашниот Прилеп.

Во меѓуврме , Прилеп доведе тројца нови играчи: Сандро Дарсанија (играше во Португалија), Божидар Лековиќ (Азербејџан) и Димитар Димитриоски (Шпанија).  Екипата е и со нов тренер, Наум Танески, така што има РК Прилеп оваа сезона има серозна намера да  влез во плејофот, меѓу шесте најдобри во лигата.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: