Дејан Проданоски е кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Општина Прилеп, за претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 19 октомври.
Дејан Проданоски е актуелниот пратеник во Собранието на Р. Македонија и актуелен претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп. Проданоски во својата биографија има долгогодишна општествено-политичка активност. Тој е долгогодишен член на ВМРО – ДПМНЕ, 2020 година избрана за претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, советник во Советот на Општина Прилеп, а со конституирањето на Советот на Општина Прилеп 2024 година, избран и за Претседател на Советот на Општина Прилеп. На парламентарните избори 2024 година ја добива довербата на граѓаните од изборната единица 4 и избран за пратеник во Собранието на Р. Македонија од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, извршувајќи повеќе активности како член на неколку работни тела во рамките на активностите на највисокиот законодавен дом во државата.
На денешната седница на Извршниот комитет ВМРО-ДПМНЕ беа утврдени 16 нови кандидати за градоначалници за локалните избори закажани за 19 октомври. За Општина Кривогаштани кандидати за градоначалници за локалните избори – Сашо Граорковски, а за соседно Крушево кандидати за градоначалници за локалните избори од ВМРО ДПМНЕ е предложен, Нико Чонески, за Сопиште – Јане Мицевски, Кичево – Александар Јовановски, Крива Паланка – Оливер Алексовски, Маврово Ростуше – Онер Јакуповски, Шуто Оризари – Ерџан Демир, Валандово – Ѓоко Камчев, Виница – Митко Костадиновски, Демир Хисар-Никола Најдовски, Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов, Радовиш – Љупчо Почивалец, Чашка – Дејан Андоновски, Струмица-Петар Јанков и за Неготино-Марија Нацева.
Државната изборна комисија (ДИК) го усвои роковникот, според кој листите со кандидати треба да се поднесат до 13 септември, а изборната кампања започнува на 29 септември. Локалните избори се закажани за 19 октомври, а евентуалниот втор круг ќе се одржи на 2 ноември.