Тројца тешко повредени-возило излетало од регионалниот пат Прилеп-Битола

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 02.09.2025 во 06:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат  Прилеп-Битола, патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.А.(62) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.А., а со телесни повреди се здобиле сопатникот Н.К.(27) од Р.Чешка и уште една малолетна сопатничка од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Горeше: Долнени- депонија, во Прилеп – фабриката Изофаст и новите гробишта

Во Општина Долнени запалена е депонијата кај с. Дебреште. Доплнителен проблем кај жителите созадава густиот чад и непријатната миризба која се шири од ѓубриштето кон сите околни села. Ова  не е прв пат оваа година, да гори депонијата и да создава генерално проблем во сите околни села со загадување на...

“Машка игра“ на РК Прилеп во првото коло, но очекуван исход на пелагониското дерби

РК Прилеп во првото коло од Супер ракометната лига-мажи, на пелагониското дери со Еурофарм Пелистер 2, изгубија на домашен терен – 29-32 (15-16). Прилепските ракометари рамноправно и „машки се бореа“ до 20-та минута, кога пелистерци започнаа да водат со два/еден гол-разлика, не дозволувајќи им на домашните играчи да изедначат на...

Декласирани и тежок пораз, и на ФК Победа, и на ФК Големо Коњари во третото коло од ВМФЛ

Во Големо Коњари, на домашен терен , ФК Големо Коњари – Беласица (Струмица) 1:7, а во Ресен, Преспа – Победа (Прилеп) 5:0. За Г. Коњари единствениот гол го постигна Илчо Митревски, а Победа не постигна ниту еден гол и се врати дома со тежок пораз на „својот грб“. Нeславниот исход...