Прилеп со шест кандидати за градоначалници за престојните локални избори 2025

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општина Прилеп најверојатно има шест независни кандидати за градоначалник,  бидејќи потребните два потпис,  собираа шестмина граѓани.

Вчера,  заклучно со полноќ 1 септември,  истече рокотза собирање  потписи до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК)

Се чини голем интересот за граоначалничка кандиатура има и во  Општините: Долнени, Шуто Оризари и Град Скопје кои исто како и Прилеп, имаат по 6 кандидати за градоначалници.

Според податоците на ДИК,  потписи за кандидати за градоначалници се собираа во 19 општини,  за 32 кандидати, а за советнички листи во 15 општини, за 17 листи.

Според последната статистика, за  градоначалници се собирале  потписи во општините: Македонска Каменица (2 кандидати), Куманово, Охрид, Дебарца, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола (2 кандидати), Могила, Новаци (2 кандидати), Гостивар, Демир Хисар (5 кандидати), Прилеп (6 кандидати), Долнени, Шуто Оризари и Град Скопје. А за совети на општини во Куманово, Старо Негоричане, Струга, Дебар, Свети Николе, Лозово, Карпош, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола (2 листи), Прилеп (2 листи), Долнени, Чучер Сандево и Могила – информираа денеска од ДИК.

„Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација согласно законските услови и според Упатството на ДИК за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатслите листи за локални избори 2025 година се поднесуваат до ОИК до 13 септември 2025 година, до 24 часот, кои одлучуваат за потврдување на истите“, информираа од ДИК.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: