В среда во Прилеп -„Талкање низ емоциите и државите“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В среда од 18.30 часот во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе се одржи изложба и промоција на книга со поезија и кратки раскази насловена „Талкање низ емоциите и државите“ од група автори.
Оваа книга е плод на заедничката соработка на македонските со странски автори, која почна на иницијатива на Марилена Стреи-Бианки. Делото е продолжение на веќе објавена двојзична (македонско-англиска) збирка со наслов „Емоции“. Уметниците од нашата земја и Италија работејќи заедно на ова дело, го претствуваат својот внатрешен, но и надворешен свет, опкружувањето. Секој уметник се отвора кон културата и чувствата за другите, создавајќи мост за уметничко изразување и чувства. Книгата е важен израз на континуиран дијалог во духот на слободата и разбирањето.
Во оваа збирка, свои песни и раскази објавуваат: Андриана Ристеска, Апостолос Константакакис, Беатриче Бресан, Габриела Станоеска Стојаноска, Игор Трпчески, Марилена Стрeит-Бианки, Петре Петрески и Сузана Ѓорѓиевска.
Автори на илустрациите се: Василка Фимков, Дарко Талески и Методија Јорданоски.
Корицата на книгата е фотографија на дело од 2015 од академскиот сликар Кирил Гегоски.
Ако доволно ве заинтригиравме, повелете во библиотеката во среда во 18:30 часот, да продолжиме заедно, градејќи мостови, рушејќи бариери и создавајќи нови хоризонти и на слободата и уметноста.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Притворен прилепчанец кај кого е пронајден 100 грама кокаин

Полицијата уапси двајца мажи едниот од Прилеп, а другиот  од Кавадарци, откако при контрола на возилото, кај Валандово, кај едниот бил пронајден кокаин од околу 100 грама. СВР Струмица поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, а судот во Гевгелија им одреди мерка притвор...

Тепачки и физички напади во Прилеп

Вчера, ( 03.09.2025) во 19:00 часот на ул.„Киро Крстески Платник” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Д.(43) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Истиот ден на  03.09.2025 во 15:10 часот во ОВР Прилеп, Р.Р.(49) од Прилеп пријавил дека...

Ако утрoво имавте проблем со вчитување видеа, неуспешно пронаоѓање локации, мапи – проблемот настана во Google

Денеска, утрово, 4 септември 2025 година, корисници во неколку земји, особено во источна Европа, но и во САД и Турција, пријавија остар прекин на критични услуги на Google. Овие сигнализирања започнаа на Downdetector и социјалните мрежи, при што најмногу беа загрозени платформи како YouTube, Google Maps, Search, Gmail и Drive....