(Видеа) Пожар на Маркукуле- прилепчани со страв за манастирот и осуда за подметувачите на пожари

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Попладневно (околу 16:00 часот) пожар настана на паднината на Марковите кули, каде постоеше опасност огнените јазици да го зафатат и манастирот „ Св.Архангел Михаел“. Снимките од пожарот станаа вирални на социјалните мрежи . За среќа дождот спречи пожарот да се разговри и за нешто помалку од еден час беше изгаснат.

Некој од видео снимките, кои ги направија жителите кои го забележале пожарот,  станаа вирални на социјалните мрежи, а прилепчани ги споделуваа и со многу коментари и тврдења сметаат дека пожарот на падните на Маркови кули е подменат. Варошани бараат одговорност и се сомневаат дека пожарот се случил ненамерно.

&

Инаку, во изминативе шест години во Македонија изгореа над 30 илјади хектари шумска површина, што е еднакво на површина од половина Скопје, а одговорност за предизвикување на шумски пожари досега речиси и да нема. (Не) казнивоста за ова кривчно дело не ги спречува палачите за подметнуваа пожар на отворено, иако за ова кривично дело законот предвидува затворска казна од најмалку осум години за оној кој ќе предизвика шумски пожар од големи размери. За оној кој ќе подметне пожар во заштитена шума или национален парк , може да се казни со затвор од најмалку десет години. Но,  кој досега е казнат за вавко кривично дело?!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Тројца тешко повредени-возило излетало од регионалниот пат Прилеп-Битола

На 02.09.2025 во 06:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат  Прилеп-Битола, патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.А.(62) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.А., а со телесни повреди се здобиле сопатникот Н.К.(27)...

Внимателно! Водата за пиење во неколку населени места е неисправна за пиење

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во следниве населени места не е исправна за пиење: –       Лок.в.с. с.Веселчани – (во двор) , водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло. –       Лок.в.с. с. Загорани – (кај Ѕвездакоски )- водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од...

Прилеп со шест кандидати за градоначалници за престојните локални избори 2025

Општина Прилеп најверојатно има шест независни кандидати за градоначалник,  бидејќи потребните два потпис,  собираа шестмина граѓани. Вчера,  заклучно со полноќ 1 септември,  истече рокотза собирање  потписи до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) Се чини голем интересот за граоначалничка кандиатура има и во  Општините: Долнени, Шуто Оризари...