Драстичен пресврт на времето – Ни’ се закни невреме со пороен дожд

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Силен дожд и ветар, така, е попладневно во прилеспко. Метеролозите велат дека под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која е поврзана со циклонската активност со центар над Џеновскиот залив, денеска попладне, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден, недела, времето ќе биде променливо и нестабилно со повремени поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ ОХРИД Прекинат е Охридскиот пливачки маратон. Поради лошите временски услови проследени со силен ветар и бранови, во 14 часот и 30 минути прекинт е 38. Охридски пливачки маратон. Трката е прекината во близина на хотел Гранит. Но, маратонт продолжи, се одржа и познати се победниците.

По силното невреме проследено со интензивни ветрови, во повеќе делови од Скопје се предизвикани материјални штети и регистрирани пожари. Надлежните служби внимателно ја следат состојбата, додека Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите релевантни служби на терен, велат од ЦУК.

Апокалипса во Словенија: Бурата предизвика хаос, а улиците станаа реки .

Страшна бура ја погоди Црна Гора: Сообраќајот е во прекин

Торнадо ја погоди северна Италија, паѓаше и град со големина на топка за голф

Во Хрватска, градовите Книн, Риека и Сплит, се под црвен метео-аларм, а остатокот од земјата е во портокалова зона поради можноста за невреме.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: