500 пакетчиња со училишен прибор пред почетокот на новата учебна година подарија жените-членки на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

500 пакетчиња со училишен прибор за почеток на новата учебна година, денеска пред градскиот Саат поделија членките на на  Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, под слоганот  „Подадена рака за секое дете – топлина поддршка и насмевка затоа што секое дете е важно“. Настанот беше надополнет и со забавна програма на која настапија со песна дечињата од  „Весели ѕвончиња“.

Хуманоста нека биде наша заедничка мисија! Ве повикуваме сите – сограѓани, пријатели, добронамерници – да се приклучите и заедно да правиме уште повеќе добри дела, таму каде што е најпотребно“, ,напиша претседателската на  Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Билјана Кузманоска на својот ФБ профил, притоа посакувајќи им среќна и успешна учебна година на сите ученици.

Воедно, на неколку локации од градот, ВМРО-ДПМНЕ имаше свои штандови каде граѓаните можеа да ги дадат свои идеи и предлози за подобар Прилеп.

Акцијата, насловена „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“, ја спроведува ВМРО -ДПМНЕ веќе неколку дена во сите општиниа и ќе трае до 3 септември. А, граѓаните своите предлози ќе можат да ги дадат со пополнување на формулар на штандовите поставените на плоштадите во сите општини или по електронски пат.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Време е за младински одлуки и делување – се формира локален младински совет во Крушево

Со гласање на делегатите/ките во Локалното собрание на млади се избраа новите членови на Локалниот младински совет(ЛМС) на општина Крушево. Претставници на здруженијата Од млади за млади, Емпауринг Крушево, Културен Манифест, Тихе и политичкиот подмладок СДММ ги избраа како нови членови на ЛМС Крушево:  Зоја Кардула – 19 години, Студент...

Со голем ентузијазам се твори на ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025

Во полн ек е 17 -та меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025„ што се одржува во манастирот св. Ѓорѓија, која ќе трае до 5 септември. Во преубавата природа, во пријатна атмосфера творат уметници од земјава, Хрватска, Србија и Црна Гора. Уметниците работат на слободна тема. Велат дека природата...

Рокот истекува на полноќ – слаб интерес на независни кандидатури за локалните избори

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври. Според Државната изборна комисија (ДИК), потписи за кандидати за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, а за советнички листи во 11 општини за 12 листи....