Саем на винили (носач на звук) пред Саатот за интересна урбана дружба

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В недела  (31.08  2025 од 11-17 часот), во Прилеп ќе се одржи третиот саем на винили (носач на звук), цд-иња, касети, накит и многу други работи поврзани со музика.
За време на настанот вљубениците на музиката и сите граѓани ќе имаат можност да се запознат и да купуваат носачи на звук/расни предмет/ од излагачи и колекционери од Македонија и Србија.

“ Она по што се препознатливи настаните кај Саатот, нема да изостане и овој пат, односно, истовремено ве покануваме и на забава за која ќе се погрижат потврдените учесници Dj Koko, Dj Simeon Lotti, Dj Geto Rud, како и Менде Кец со својот експериментален настап. Настанот ќе одржи во просторот околу градската Саат-кула од 11 до 17 часот.“ велат органзиаторите Јавен Простор Прилеп и Винтер Априкотс.

„А , за настанот да биде комплетен, вечерта, секако дека ќе бидете поканети на кино и музика од 20:30 часот“-  вели иницинаторот на целиот овој необичен културен настан, Блаже Томески.

За да се реализира ова значајно интерактивно случување  во Прилпе организаторите изразуваат посебна благодарност до  поддржувачите: ДиЏеј Пете (Дејан Ефтинџиоски), Декор завеси, Euroterm Solarico, Kostoski Inn апартмани, Гастро-бар Монарка, кафе Чоше и кафе Носталгија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: