(Видео)Проблемите надминати – од утре во функција Јавниот градски превоз во Прилеп, а од првисептември воведување и на рурални линии

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од утре ќе биде ставен во функција Јавниот градски превоз во Прилеп, а од први септември се воведуваат и т.н рурални линии. Директорот на ЈП за ПУП, Бранко Нешкоски, вели дека проблемите се надминати и во наредниот период до ваква ситуација, повеќедневен прекин на јавниот градски превоз во Прилеп, нема да дојде.

Платите и сите додатоци на плата и придонеси кон вработените се исплатени со јули, заклучно со 21 август. Се направи измена и на колективниот договор по барање на работниците, преку СУТКОЗ (Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија) и тој проблем од наредната недела ќе биде надминат. Работниците имаа неколку барања: да примаат плата до 15 -ти во месецот со внесување на сите додатоци во бруто платата, измена на колективниот договор и приспособување на колективниот договор со законската одредба за минимална плата.“

Како причина за финансиската дубиоза која се создаде во ЈП за ПУП, Нешкоски го наведе бесплатниот превоз на ученици, мерката за бесплатен превоз на пензионери со ниски примања, тешкотијата при сервисирањето и одржувањето на еко-автобусите кои користат метан, „но, во принцип, секаде во светот јавниот превоз не може да ги покрие трошоците на работење од приходите од билет, затоа што секогаш цената е пониска од реалната за зададен возен ред. Затоа мора да добиваме дополнителни средства од Буџетот за покривање на таа разлика, ако се сака јавниот градски превоз да функционира“ нагласи тој

„Јавниот градски превоз е еден од најголемите потрошувачи во ЈП за ПУП. Покрај ниската цена на билетите, една од причините за финансиските проблеми на претпријатието е користењето на бесплатниот превоз за ученици во средните училишта, иако тој проблем генерално се провлекува во сите општини во Македонија. Таа финансиска дубиоза, од 6-7 милиони денари, што ја има ЈП за ПУП по ова прашање, ја сервисира локалната самоуправа одсопствениот Буџетот за исплата на финансиската разлика од блок дотациите кои ги дава државата за бесплатниот превоз на ученици. Остана уште мал дел за исплата. Ние како Јавно претпријатие нудиме и бесплатен превоз на лица со ниски пензии, а нивниот број е сè поголем. Мерката е одлична, но тоа е исто така прави финансиски товар на претпријатието. За среќа имаме поддршка од Советот на Општина Прилеп, со одлуките за ребаланс на буџетот, што ја подобрува финансиската состојба на ова претпријатие.“ вели тој.

ЈП за ПУП најави дека од први септември се воведуваат и линиски превоз за населените места,( за регионот Канатларци, тополчанскиот регион и кон наслениет еместа Селце – Штавица, Волково …) Петте мини автобуски, кои градот ги доби како донација, ќе бидат наменети, пред сè за превоз на ученици, но ќе можат да ги користат и жителите од овие руралните средини во Оптшина Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: