Старица 88 години излажана за сообраќајка на нејзиниот син и измамена за сума од 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Уште една измама со лажна сообраќајка со страшна измислена приказна, која вознемирува и недозволува разумот да владее.  Старица од Битола била измамена за сума од 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари, кога измамници и соопштиле дека нејзиниот син со сопругата предизвикале сообраќајна несреќа и преказиле дете. Таа за да ги спаси им парите им ги фрлила преку балканот.

Настанот се случил вчера (25.08.2025 ) во 19:30 часот во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Измамите со старите лица во македонија станаа се почести. Само пред 4 дена  на 21.08.2025 , 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, а таа парите на изманиците им ги  фрлила од балкон.

Во март, пензионерка од Куманово неодамна добила повик од наводен полицаец, кој и рекол дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака кривично да одговара и понудил на жената да плати 30 илјади евра. На сличан начин, во февруари, биле измамени уште петмина кумановци. Измамниците им изнудиле речиси 50 илјади евра.

МВР неодмна излезе со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки и предходно  ваквите информации  да се пријават во полиција, пред да се донесе одука да се дадат пари “Не давај те пари! Информирајте се на 112 или 192 или информирајте ги вашите роднини и приајтели „ –  е апелот на полицијата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нова донација од стоматолошка опрема за училиштата и зголмување на бројот на деца во воспитните групи во градинка

На денешната 67 Седница на Советот на Општина – Прилеп по усвојувањето на дневниот ред, настана дискусии околу точките за усвојување на тримесечните извештаи за финансиското работење на Јавните претпријатија во Прилеп,за период од 01.04.2025 година до 30.06.2025 година, со акцент, пред се, за состојбата со ЈП за ПУП-Прилеп. Советниците...

(Видео)Проблемите надминати – од утре во функција Јавниот градски превоз во Прилеп, а од првисептември воведување и на рурални линии

Од утре ќе биде ставен во функција Јавниот градски превоз во Прилеп, а од први септември се воведуваат и т.н рурални линии. Директорот на ЈП за ПУП, Бранко Нешкоски, вели дека проблемите се надминати и во наредниот период до ваква ситуација, повеќедневен прекин на јавниот градски превоз во Прилеп, нема...

„Петок во пет“ во Прилеп со инспиративни приказни и нови идеи

Овој петок мрежата на идеи, луѓе и промени,  насловена „Петок во пет“  каде  се слушаат моќни приказни и ќе се раѓаат нови идеи, ќе се одржи во Прилеп на Тениски. На четвртото издание ќе се чујат инспиративните приказни од: Вон. проф. Христијан Ѓорески – визионер и истражувач во полето на...