Во тек јавниот увид во избирачкиот список

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Јавниот увид во Избирачкиот список започна на 23 август и ќе трае 20 дена — заклучно со 11 септември на полноќ. ДИК ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци и навреме да пријават евентуални неточности.

Поднесувањето барања за запишување, дополнување или бришење на податоци се врши писмено во подрачните одделенија или месните канцеларии на ДИК, како и по електронска пошта. Комисијата е должна да донесе решение во рок од 24 часа од приемот на барањето, а против одбивачко решение може да се поднесе тужба до Управниот суд, кој исто така одлучува во рок од 24 часа.

Подрачните одделенија, чиј список е објавен на веб-страницата на ДИК, работат секој ден од 8 до 20 часот (и за викенд и празници); на последниот ден од увидот (11 септември) ќе бидат отворени до полноќ за проверка во националниот избирачки список.

Упатство како да проверите онлајн – чекор по чекор:

Отворете ја официјалната страна на ДИК со кликнување на овој ЛИНK
По ЕМБГ“ – внесете матичен број и безбедносен код, па кликнете „Барај“. Ќе добиете потврда дали сте запишани.
Ако забележите неточност (погрешни податоци/непронајден запис), поднесете барање за запишување, дополнување или бришење на податоци – писмено во подрачно одделение/месна канцеларија на ДИК или по електронска пошта на izbori@sec.mk. Со барањето приложете соодветни докази.

Увидот трае до 11 септември (00:00); по овој рок ДИК го заклучува списокот и го потпишува најдоцна на 3 октомври.
За дополнителни информации и контакти проверете ја интернет страницата на ДИК на овој ЛИНК и обратете се на службениот е-маил izbori@sec.mk.
 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: