Сефте на ФК Големо Коњари во Втората лига на домашен терен со Детонит

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На домашен терен, на реновираниот и подготвен фудбалски стадион во Големо Коњари утре истоимената екипа ќе го игра сефтето во Втората фудбалска лига.  Првиот првенствен дуел дома е на 23 август, од 17 часот со Детонит Плачковица од Радовиш. На голема радост од публиката, освежениот и подновен фудбалски тим на Големо Коњари ќе може да настапува на домашниот терен за кој што даде дозвола и ФФМ, иако неизвесноста за користење на стадионот за официјални натпревари постоеше поради недостиг од трибини.

Во реновирањето на просториите, подновувањето и одржувањето на тревнатиот терен практично учествуваше целото село, кој колку што може да помогне со работна рака или парични средства, иселеници, а помогнаа и компании со донации. За рекордно време возобновени беа соблекувалните, а објектот и надворешно е саниран и целосно прилагоден кон стандардите за натпревари во Втората фудбалска лига.

ФК Големо Коњари го освежи и играчкиот кадар со млади талентирани играчи, предводени од Зоран Даноски, кој со своето богато прволигашко искуство треба да даде дополнителен поттик за успех на целата екипа предводена од тренерот Јовица Блажевски.

Прилепска Победа пак, настапува на гостински терен во Новаци со истоимената екипа. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: