Само две жени официјално кандидирани за градоначалник на Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Засега, официјално во трката за градоналничката функција за Прилеп за претстојните Локални избори 2025, во ОКИ – Прилеп, својата кандидатура ја пријавија две жени – едната од СДСМ, Петра Лукароска, а другата како независен кандидат, Павлинче Матеска.

Додека Лукароска повеќе од еден месец (кандидатурата објавена на 18 јули 2025 година) ја започна својата промоција на ФБ како кандидат за градоначалник, денеска и Матеска на својот профил објави дека се кандидира за градоначалникна Општина Прилеп и напиша:

Прилепчани и прилепчанки !!! Денес официјално ја започнав постапката за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп предложена од група избирачи!! За транспарентно и одговорно работење !!! За подобрување на квалитетот на животот на сите жители!!! За развој на Прилеп !!!, напиша таа

Павлинче Матеска е дипломиран економист, вработена во локалната самоуправа, била член во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП,, Водовод и канализација” Прилеп по предлог на Советот на Општина Прилеп во 2021 година, била делегат на 17 Конгресот на ВМРО ДПМНЕ одржан декември 2021 година

Што се однесува до владеачката партија, иако на социјалните мрежи се појавуваат имиња на двајца кандидат, официјално засега оваа партија нема објава на кандидатура.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: