Прилепско активни два пожари, во Јасен ветрот ја влошува состојбата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Според информациите од Центарот за управување со кризи денеска, 21 ви август, до 18 часот на територијата на Македонија  има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 12 изгаснати. Од седумте активни два се во прилепско: с. Беловодица – место викано Ливада и с. Лениште каде гори букова шума и во општина Долнени селата Стровија и  Долгаец каде гори мешана шума.

Најкритична е состојбата во Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје Јасен каде активно е вкучена и македонската армија во гаснење на огнените јазици во мешана шума, а пожарот вечерва дополнително се засилува со ветрот;  Општина Струга: с. Подгорци (нискостеблеста шума), Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација);  Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума) и  Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица – планински врв Китка (мешана шума).

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео) Сеуште активен пожарот кај Плетвар меѓу селата Беловодица и Лениште

Изминатото деноноќие на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од 27 пожари, осум се сеуште активни, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни  пожари на отворено има и на територија на општините Прилеп и Долнени. Огнената стихија која веќе трет ден беснее помеѓу селата Беловодица...

Започна Меморијалниот ракометен турнир Миле Нешкоски

Јубилејниот 10 ти по ред Меморијален ракометен меѓународен турнир „Миле Нешкоски“ беше отворен денеска традиоцнално со положување цвеќе пред споменикот од прерано починатиот ракометар,  на платото пред Универзалната сала во Прилеп. Во знак на почит и спомен за прилепскиот ракометар на Тутунски Комбинат и репрезентативец со едноминутното молчење присутните се...

Канцеларија во Ропотова за вадење на патна исправа, лична карта или возачка дозвола за жителите од Општина Долнени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска  го посети полициското одделение Ропотово, општина Долнени, каде беше  отворена нова канцеларија на Управните служби на МВР, која ќе ги опслужува жителите во Општина Долнени и околните населени места. „ Министерот потенцира дека со самото тоа што гужвите со ова се намаленуваа и...