Прилеп џез викенд – 14 то издание со богата програма

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со концертот на Next To Silence на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, во недела на 24ти август 2025 г. ќе започне четиринаесеттиот прилепски џез фестивал „Prilep Jazz Weekend“ кој оваа година ќе трае седум дена, од 24ти до 30ти Август 2025г. Манифестацијата е во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ.

Првите четири дена се планирани концертите од OFF програмата кои ќе се одржат на Археолошкиот локалитет Врбјанска Чука и во клубот Калинка, додека концертите од официјалниот дел на програмата, публиката ќе може да ги проследи на летната сцена од НУЦК Марко Цепенков.

Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.

Во своето четиринаесетто издание, оваа година прилепскиот џез фестивал ќе се претстави со следната програма:

OFF програма што ќе трае од 24ти до 27ми август :

Акустичен концерт на бендот Next to Silence на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука.
DJ сет на ШУРБЕ ( клуб Калинка)
Концерт на прилепскиот бенд DIATTIC (клуб Калинка)
DJ сет на ZGROWETIN ( клуб Калинка)

Во официјалниот дел на програмата македонската јавност на летната сцена од ЦК Марко Цепенков ќе може да ги проследи следните бендови :

Четврток 28 август 2025г

Фестивалот ќе го отвори тенор саксофонистот Блаж Шваган со неговиот бенд Blaž Švagan Quartet и ќе ни се претстават со нивниот најнов материјал насловен Absolute Candor снимен во New York кон крајот на 2024г. Стилски, музиката може да се опише како модерен џез, кој се инспирира од дет металот и научната фантастика. Има неколку моменти со висока енергија, но во исто време оваа музика дозволува многу простор, со добра количина на смиреност.

Во продолжение на вечерта публиката ќе може да ужива во еден несекојдневен перформанс, џем – сешн, со кој ќе се оддаде почит на младиот клавијатурист и композитор Филип Стеваноски, кој минатата година настапи на нашиот фестивал со својот бенд и остави незаборавен впечаток. На истиот ќе настапат врвни музичари, пријатели и поранешни членови од неговиот состав — обединети преку музиката што Филип ја живееше и ја носеше во себе: Панко Гелев, Јован Цветковиќ, Боро Шопов, Филип Крстевски,Ѓоле Максимовски,Дино Милосављевиќ, Гоце Стевковски, Кирил Кузманов, Трајче Велков,Ѓоле Грујовски, Маја Капсарова, Владан Дробицки, Владимир Четкар  итн…

Петок 29 август 2025г

Втората вечер ќе започне со настапот на бендот од Скопје, The Local Blue, од кои ќе имаме можност да слушнеме инструментален краут рок со забележливи психоделично-динамични акценти… уникатна спојка на една звучна палета од психоделичен, стоунер, спејс и пост рок..

На крајот од денот PJW  ќе биде домаќин на TOKU, претставник од њујоршката џез сцена, кој на фестивалот во Прилеп ќе настапи со SAMURAI JAZZ QUARTET во придружба на врвни македонски артисти кои оставиле голем белег во Jazz & World music на меѓународната сцена  : Оливер Јосифовски, Симеон Петров и Александар Петров.

TOKU (познат како Џез Самурај) е џез вокалист и свирач на flugelhorn од Niigita, Јапонија, кој  зад себе има 14 издадени албуми за Sony Music, а од 2021 година тргнува на патување за да се поврзе со светот преку својата музика…

Фестивалот ќе го затвориме со концертите на дуото Кондовски/Дробицки и ОБОЈЕНИ ПРОГРАМ.

Сабота 30 август 2025г

Амбиентално – синематски стил на музика преку реализација на проектот „Ноќен пејсаж“ на публиката во Прилеп ќе и презентираат Глигор Кондовски и Владан Дробицки.

„Соникантен пејзаж што нежно се движи кон вашите уши, а потоа ја исполнува вашата внатрешност со богат и прекрасен звук. Темно, а сепак полн со живот и копнеж. Современ, а сепак евокативен. Кратка меморија или поглед во ноќното небо.“

Фестивалот ќе го затворат легендaрните ОБОЈЕНИ ПРОГРАМ кои повеќе од четири децении се присутни на сцената за да не радуваат и повеќе од триесет години не настапил во Македонија.Бендот што кога прв пат ќе го слушнеш, остануваш верен на него се додека слободата и бунтот тлее во тебе.

 

 

 

 

 

 

Prilep Jazz Weekend е веќе четиринаесет години домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз прилепската публиката.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Прилеп и неколку општествено одговорни компании на кои од срце им Благодариме.

Влезници за Prilep JAZZ Weekend  може да се купат на плоштадот во #CityTobacco.

Детални информации за фестивалот можете да видите на нашата веб страна

www.prilepjazz.mk

Fun page

https://www.facebook.com/prilepjazzweekend

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: