Изложба „Уметничкиот сон“ од Методи Исков во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ на 22 август 2025 / петок/ од 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Уметничкиот сон“ од уметникот Методи Исков, што е дел од програмата од областа на визуелни уметности за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Изложбата „Уметничкиот сон“ е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста. Секое уметничко дело, пред да се појави во материјална форма, започнува како визија, како интимен миг на замисла или сон што го носи авторот. Токму тој процес – од замисла до реализација – е централната тема на оваа поставка. Во рамките на изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни практики.

Методи Исков е роден на 24.05.1990 година во Штип. 2009 година завршува Гимназија во Прилеп, јазично – уметничко подрачје. Во 2014 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, во класата на проф. Станко Павлески.  Покрај индивидуалните уметнички ангажмани, важен дел од неговото работно искуство е изработка на скулптури вклучени во урбанистички план на град Скопје, учество при изработка на палета мозаици, од кои можат да се истакнат  мозаиците во Црквата Св.”Констанин и Елена” – Скопје, мозаик поставен вo базиликата на Св. “Благовештение” во Незарет – Израел со ликот на “Пресвета Богородица”, мозаиците на Црквата Св. “Петка” – Прилеп, итн.

Повеќе мурали во градот Прилеп, од кои може да се истакне муралот во Градската Библиотека “Борка Талески” – Прилеп, уметничко уредување на Етно Крушево и многу други.

Учествувал на повеќе групни изложби во Македонија и досега реализирал две самостојни изложби со наслов “Празна галерија” во 2018 година, “Празна галерија – ново поглавје” 2022 година. Од групните изложби може да се истакне Биенале на млади уметници 2021 година кое се одржа во Музеј на современата уметност Скопје. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп од 2011 година, кога во 2020 година станува претседател на ДЛУП.

Моментално живее и работи во Прилеп како наставник за ликовна уметност

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: